Советувалиште за деца и семејства

Ги поддржуваме децата и семејствата кои се соочуваат со ризик од разделување, за да им овозможиме да растат заедно во сигурно и грижливо семејно опкружување.

За постигнување на целта, работиме на:

Од 2007 година СОС Детско село Македонија овозможува поддршка на деца кои се во ризик да ја изгубат грижата од своите биолошки семејства кои живеат во социјален ризик. Службата за советување функционира преку 2 Советувалишта, кои се лоцирани во општините Шуто Оризари и Гази Баба.

Општата цел на Советувалиштата е на децата кои се изложени на ризик да ја изгубат грижата од своето семејство од град Скопје, да им се овозможи да растат во грижливо семејно опкружување. Со тоа примарен фокус е ставен на спречување на раздвојување на децата од биолошкото семејство.

Служба за советување

Предуслов за ефикасна поддршката на децата и нивните семејства се партнерите и соработниците на нашата организација, а пред сè Центрите за социјална работа и општините, со чија помош се заокружува процесот на поддршка на семејствата во ризик. Досега, преку Службата за советување имаме поддржано повеќе од 357 семејства и 1034 деца.

На кого помагаме?

Контактирајте нè:

СОВЕТУВАЛИШТЕ СОС ДЕТСКО СЕЛО 1

ШУТО ОРИЗАРИ
ул. Индира Ганди
бр.29 локал, 1000 Скопје
тел. +389(0)2 2535 010

СОВЕТУВАЛИШТЕ СОС ДЕТСКО СЕЛО 2

ГАЗИ БАБА
Ул. Палмиро Тољати бб, 1000 Скопје
Градинка 25 Мај-Клон Искра
тел. +389(0)2 2535 010