ТРЧАМЕ ЗА СЕКОЕ ДЕТЕ

По повод 25 години СОС Детско село Македонија, ве покануваме да бидете дел од јубилејната СОС Хуманитарна трка – powered by IT4Charity, на 19 септември 2026 година.

25 години. Повеќе од 6.090 променети животи.

Секој чекор значи поддршка. Секоја пријава значи шанса ниту едно дете да не расте само.

Донација за учество: 1.200 денари Стани СОС Пријател ❤️

Донирај
Пополни го полето за датум на раѓање
во формат: yyyy-mm-dd
и добиј роденденска честитка
Пополни го полето за адреса и добиј подарок
Во СОС Детско село, ние сме посветени на заштита на вашата приватност и обезбедување на безбедноста на вашите лични информации. Информациите од платежните картички не се достапни за нашиот систем во ниту еден момент. Ја сфаќаме вашата приватност сериозно и имаме имплементирано мерки за заштита на вашите податоци.

ТРЧАМЕ СО СРЦЕ

Симболиката на трката не е случајна.

Патеката е во форма на срце.

Секој учесник ќе истрча два круга, а секој круг претставува потсетник дека љубовта, грижата и поддршката можат да променат детски живот.

 

КОГА И КАДЕ? 

📅 19.09.2025

⏰ Почеток на настанот: 09:00 | Старт на трката: 10:00  

📍 Летна сцена Лепеза, Градски парк – Скопје

🏅 4 км хуманитарна трка = 2 х 2км 

ШТО ПОДДРЖУВАТЕ?

Средствата собрани преку СОС Хуманитарната Трка се наменети во сите области во кои што делува СОС Детско село Македонија:

🏠 Деца и млади без родителска грижа 

👨‍👩‍👧 Зајакнуање на семејствата и превенција децата да не го изгубат биолошкото семејство

🧠 Ментално здравје и психосоцијална поддршка 

🎓 Образование и развој 

🌱 Едукација и рехабилитација за деца со развојни предизвици

👥 Регрутација и поддршка на згрижувачи и згрижувачки семејстваи 

КАКО ДА УЧЕСТВУВАТЕ? 

Учеството на трката е базирано на донација. 

Индивидуални учесници 

🎟 Препорачана донација: 1.200 денари  

Со вашата донација: 

 добивате учество на трката 

 добивате стартен пакет  

 станувате дел од мисијата на СОС Детско село

 

Подготвени сте да бидете дел од приказната?

Контактирајте нè:

Ања Диздаревиќ
anja.dizdarevic@sos.org.mk
+389 70 241 400