Драги пријатели,
Бидете дел од новогодишната магија каде што малите желби стануваат стварност, а детските очи повторно блескаат.
Со радост ви го претставуваме Хуманитарниот новогодишен каталог на СОС Детско село за 2026 година!
Од уникатни лампиони, преку новогодишни честитки и картички за семејна игра, па сѐ до боенки и сликовници – секој производ има своја приказна, носи празнична радост, но и нешто многу поважно – директна поддршка за децата без родителска грижа.
Затоа оваа Нова година – осветлете нечиј пат, исполнете желба, подарете љубов!
ХУМАНИТАРНА БОЕНКА „Една ѕвезда, една детска желба“
Едукативна сликовница од СОС Детско село „НАЈИСКРЕНАТА ПРЕГРАТКА“
ЕДУКАТИВНИ КАРТИЧКИ „АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ“
GIF честитки
Како да нарачате?
Јавете се на телефон
тел. 070 407-993
Испратете ја нарачката на e-mail:
novagodina@sos.org.mk
Достава:
Рок на достава: 3–5 работни дена по потврдена нарачка
Бесплатна достава: за нарачки со вредност над 15.000 денари низ целата држава
Можност за брендирање на честитките по ваша желба:
При креирање на нарачката, наведете дека сакате брендирање со лого и текст по ваша желба Минимална количина за брендирање: 50 честитки Бесплатна достава за над 200 брендирани честитки
Ви благодариме од што сте дел од нашата приказна и што верувате во нашата мисија.