Поддршка за осамостојување на млади

СОС Детско село ги поддржува младите на почетокот на нивниот независен живот и им помага да достигнат целосна самостојност.

Ги поддржуваме младите во нивниот пат кон самостојност, стоејќи покрај нив додека ги градат своите први чекори кон независен живот.

Специфични цели на поддршката на младите се: Обезбедување постојано/стабилно вработување и редовни приходи; Стекнување на соодветно домување и целосно преземање на контрола и одговорност за сопствениот живот.

Оваа програма е последната фаза во грижата и поддршката што СОС Детско село како организацијата ја обезбедува за децата без родителска грижа. Општата цел на оваа фаза е непречен премин во потполно независен живот при што младата личност е целосно способна да преземе потполна одговорност за сопствениот живот.

Оваа фаза доаѓа по грижата во згрижувачко семејство или во СОС Програмата за живеење со поддршка и трае најмногу 3 години (или повеќе за ученици и студенти, во зависност од природата на студиите), по што СОС Детско село се повлекува од поддршката и младата личност води целосно независен живот.

Во текот на своето долгогодишно функционирање, растејќи и созревајќи, научивме дека на младите без родителска грижа, како и на младите во разни социјални ризици, им е потребна помош во осамостојувањето и тоа во областите на: домување, стекнување на професионални и „меки“ вештини, вклучување во пазарот на труд за побрзо и полесно интегрирање во социјалната средина.

СОС Детско село ги поддржува младите на почетокот на нивниот независен живот и им помага да достигнат целосна самостојност.