Програмата „СОС патрон“ обезбедува поддршка на децата без родители или без родителска грижа кои пронашле дом во едно од над 85 згрижувачки семејства поддржани од СОС Детското село во Македонија.
Да се биде СОС патрон е посебна чест и означува длабока чувствителност кон потребите на децата од оваа ранлива група.
Редовната поддршка од СОС патрон овозможува едно дете да расте во сигурна и топла семејна средина и ја обезбедува безбедноста и развојот на овие деца и им дава шанса за подобра иднина.
Како СОС ПАТРОН, станувате дел од круг на креатори на промени кои веруваат дека секое дете заслужува иднина. И ќе бидете потсетени: вие сте причината зошто иднината е можна.“
„Не можеш да го промениш целиот свет, но можеш да го промениш светот на едно дете.“
Како СОС Патрон ќе бидете поврзани со патувањето на едно дете – добивајќи новости за нивниот раст, нивните пресвртници, нивните триумфи и ќе го видите влијанието на вашата дарежливост.
Ова е повеќе од донација – тоа е врска, посветеност, наследство.
Со вашата поддршка детето има можност да расте со топлината и сигурноста што ги нуди семејството, да ги надмине траумите од минатото, да стекне образование и да се подготвува за неговиот иден самостоен живот
Да се биде СОС патрон значи да станете дел од семејството на СОС Детско село Македонија и со редовна месечна поддршка да овозможите подобра иднина за едно дете. Вашата помош му обезбедува дом, љубов, образование и грижа – сè што е потребно за да расте со сигурност и достоинство.
Многу едноставно. Кликнете на копчето „Стани СОС Патрон“, пополнете ја кратката форма и изберете износ на месечната поддршка. Со тоа станувате дел од нашето семејство кое гради подобра иднина за децата во Македонија.
Потребна е долгорочна и секојдневна посветена грижа за:
Бидејќи споделувањето и помагањето додаваат вредности во животот на секоја индивидуа
Минималниот месечен износ за патронство е 2.000 денари, но можете да изберете и повисока сума според вашите можности. Секој износ има големо значење и директно придонесува за секојдневната грижа за децата.
Во линија со важечкиот закон за заштитата на личните податоци и правото на приватност, идентитетот на дете е променет (име) и не е возможно да се споделува негова фотографија. Ќе добивате инфромации за негови активности, развој и прогрес, ќе добивате фотографии од групни активности за да се заштити иднетитот на детето.
Не нема да можете поради заштита на личните податоци. Нам ни треба и вашата поддршка да се осигураме дека сите податоци на детето ќе останат доверливи и безбедни.
Да, можете да го прекинете патронството во секое време. Само треба да нè известите и ќе го стопираме процесот без никакви дополнителни трошоци или обврски.
Свесни сме дека со споделувањето на своите лични податоци со нас, СОС Патронот ни дава голема доверба. Затоа вложуваме максимални напори да обезбедиме личните податоци на СОС Патронот да се обработуваат во согласност со важечките прописи за заштита на личните податоци и дека само лицата овластени за тоа имаат пристап до личните податоци на СОС Патронот
Одговорни за овој процес се институциите на нашата држава; СОС Детско село извршува услуга на поддршка на згрижувачките семсјетва и децата без родителска грижа.
*wymagane