15 January 2026
ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ДИГИТАЛНА МАРКЕТИНГ АГЕНЦИЈА ЗА КОНТИНУИРАНО, ТЕКОВНО УПРАВУВАЊЕ И ВОДЕЊЕ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МЕДИУМИ НА НАРАЧАТЕЛОТ И КАМПАЊИ ЗА РЕГРУТАЦИЈА НА ЗГРИЖУВАЧИ И ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСНОСТА ЗА РОДИТЕЛСТВО
СОС Детско село Македонија објавува повик за избор на дигитална маркетинг агенција која ќе обезбеди сеопфатни услуги за управување со социјални медиуми, креирање и имплементација на дигитални кампањи за регрутација на згрижувачи и за подигнување на свесноста за родителство, како и планирање и реализација на платени објави (sponsored posts / ads).
1. Позадина
СОС Детско село Македонија е дел од меѓународната организација SOS Children’s Villages International и повеќе од 20 години работи на обезбедување грижа, заштита и поддршка за деца и млади без родителска грижа и семејства во ризик.
Ние веруваме дека ниту едно дете не треба да порасне само и дека секое дете треба да живее во стабилно и грижливо семејство, како дел од поддржувачка заедница. Ова им дава можност на децата едноставно да бидат деца. Сепак, останува фактот дека барем едно од десет деца во светот веќе изгубило или е изложено на ризик од губење на грижата од своите родители.
Во овој контекст, СОС Детско село Македонија работи во следниве клучни области:
- Семеен модел за алтернативна грижа за деца;
- Програма за социјална превенција (зајакнување на семејствата);
- Програма за грижа за млади луѓе:
- Застапување и градење на капацитетите на системот за социјална заштита;
- Интервентна поддршка.
Со цел да се зајакне јавната свесност, да се поттикнат позитивни општествени промени и да се придонесе кон подобра заштита на децата, СОС Детско село Македонија планира ангажирање на маркетинг агенција за сеопфатни услуги за управување со социјални медиуми, како и креирање и имплементација на две дигитални кампањи.
2. Цел на ангажманот
Целта на овој ангажман е избор на професионална дигитална маркетинг агенција која ќе изработи и имплементира:
- Континуирано, тековно управување и водење на социјалните медиуми на нарачателот;
- Промотивна кампања за регрутирање на згрижувачи;
- Кампања за подигнување на свесноста за родителство.
Кампањите треба да бидат стратешки засновани, креативни, општествено одговорни и усогласени со мисијата, вредностите и комуникациските насоки на СОС Детско село Македонија.
3. Опис на кампањите
3.1 Промотивна кампања за регрутирање на згрижувачи
Целта на кампањата е:
- Подигнување на јавната свесност за значењето на згрижувањето како форма на семејна грижа;
- Разбивање на предрасуди и митови поврзани со згрижувањето;
- Поттикнување на интерес и мотивација кај потенцијални згрижувачи;
- Јакнење на довербата во системот за згрижување и поддршка.
Кампањата треба да вклучува јасни, емотивни и информативни пораки, прилагодени на различни целни групи (општа јавност, потенцијални згрижувачи, носители на одлуки, медиуми).
3.2 Кампања за подигнување на свесност за родителство
Целта на кампањата е:
- Промоција на позитивни родителски практики;
- Подигнување на свесноста за важноста на емоционалната, психолошката и физичката благосостојба на децата;
- Поттикнување на ненасилна комуникација и воспитување;
- Јакнење на улогата на семејството како заштитна средина за детето.
Кампањата треба да биде едукативна, поддржувачка и инклузивна, со јасна примена во секојдневниот живот на родителите и старателите.
4. Опфат на услугите
- Стратегија и планирање на континуирано, тековно управување и водење на социјалните медиуми на нарачателот и кампањи за регрутација на згрижувачи и за подигнување на свесноста за родителство;
- Развој на годишна и квартална маркетинг стратегија за континуирано, тековно управување и водење на социјалните медиуми на нарачателот и кампањи за регрутација на згрижувачи и за подигнување на свесноста за родителство;
- Дефинирање на цели, KPI индикатори и таргет публики;
- Стратешки пристап за кампањи (brand awareness, engagement, conversions, со фокус на регрутација на нови згрижувачи);
- Менаџирање на 2 платформи (Facebook, Instagram);
- Поставување, уредување и оптимизација на профили;
- Дневна комуникација и мониторинг (inbox, comments – по договорен опфат);
- Креирање на текстуална и визуелна содржина, усогласена со брендот;
- Премиум дизајн на објави (постови, stories, reels / short video formats);
- Прилагодување на содржини по платформа;
- Подготовка на неделен и месечен календар на содржини;
- Навремена координација и усогласување со нарачателот пред објавување;
- Анализа на трендови и препораки за подобар reach и engagement;
- Континуирана оптимизација на содржините за континуирано, тековно управување и водење на социјалните медиуми на нарачателот и кампањите за регрутација на згрижувачи и за подигнување на свесноста за родителство.
Кампањи:
- Осмислување и реализација на интегрирани дигитални кампањи;
- Креирање на креативни концепти, пораки и визуели;
- Поддршка за специјални кампањи, настани или сезонски активности.
Платени објави (Sponsored posts / Ads):
- Планирање и управување со буџети за платено огласување;
- Подготовка на ad creatives и copy;
- Оптимизација на кампањи;
- Извештаи за перформанси (reach, engagement, CTR, CPC, conversions).
Забелешка: Буџетот за платените кампањи ќе биде одделно дефиниран и не е дел од агенцискиот хонорар.
Поддршка и комуникација
- Персонализирана поддршка од назначен account manager;
- Редовни координациски состаноци (месечно / квартално);
- Стратешки совети прилагодени на потребите на нарачателот;
- Месечни извештаи со: реализирани активности, постигнати резултати, анализа и препораки за подобрување.
Агенцијата покрај споменатите продукти се очекува да биде активно инволвирана на консултативни средби за креирање план и пристап за спроведување на други активности за кампањите, во соработка со тимот на СОС Детско Село Северна Македонија, а за постигнување на целите на кампањите и проектот во целина.
5. Времетраење
Ангажманот ќе се реализира во период кој дополнително ќе биде дефиниран во договорот, со јасно утврдени фази, рокови и испораки. Кампањата за згрижување е предвидено да трае од јануари 2026 до јуни 2029 година, додека кампањата за родителство е предвидена од февруари 2026 до ноември 2028 година. Договорот ќе биде склучен во времетраење од 12 месеци.
6. Критериуми за избор
Изборот на маркетинг агенцијата ќе се врши согласно принципите на транспарентност, конкуренција и економичност, врз основа на следниве критериуми:
- Економски најповолна понуда, при што цената ќе се оценува во однос на квалитетот на понудените услуги;
- Квалитет и релевантност на понудата;
- Способност за навремена реализација на активностите, прилагодување на динамиката на работа и обезбедување континуирана поддршка во текот на целото времетраење на договорот;
- Ќе се смета за предност доколку понудувачот има искуство во реализација на дигитални кампањи со општествена или хуманитарна намена, потврдено со краток опис или доставен пример за најмалку 2 релевантни кампањи (цели, пристап, резултати);
- Ќе се смета за предност доставувањето на портфолио со креативни, визуелни и текстуални решенија, кои покажуваат креативност и соодветност на комуникацијата (примерите не мора да бидат од ист сектор).
7. Начин на поднесување на понудите
Барањето за доставување на понуди е достапно на следниот линк.
Рок за достава на понудите: 20.01.2026 година
Понудите треба да содржат:
- Техничка понуда (методологија, пристап, идеен концепт за двете кампањи);
- Финансиска понуда
- Документација за исполнување на критериумите (краток опис или доставен пример за најмалку две релевантни кампањи со општествена или хуманитарна намена, како и портфорлио со креативни, визуелни и текстуални решенија, кои покажуваат креативност и соодветност на комуникацијата – примерите не мора да бидат од ист сектор).
Понудите треба да бидат испратени до Централната комисија за набавки на СОС Детско село на имејл адреса: melina.tagarinska@sos.org.mk со назнака „Повик за маркетинг агенција“.
8. Дополнителни информации
СОС Детско село Македонија го задржува правото да побара дополнителни појаснувања, да не избере ниту една понуда или да ја поништи постапката, во согласност со интерните процедури и применливите правила за јавни набавки.