СОС Детско село Новогодишни производи 2025-2026

Драги пријатели,

Бидете дел од новогодишната магија каде што малите желби стануваат стварност, а детските очи повторно блескаат.
Со радост ви го претставуваме Хуманитарниот новогодишен каталог на СОС Детско село за 2026 година!
Од уникатни лампиони, преку новогодишни честитки и картички за семејна игра, па сѐ до боенки и сликовници – секој производ има своја приказна, носи празнична радост, но и нешто многу поважно – директна поддршка за децата без родителска грижа.
Затоа оваа Нова година – осветлете нечиј пат, исполнете желба, подарете љубов!

Затоа оваа Нова година – осветлете нечиј пат, исполнете желба, подарете љубов!

ХУМАНИТАРНА БОЕНКА „Една ѕвезда, една детска желба“

Сите деца имаат различни желби, но некои желби се важни за секое дете! Боенката е изработена во соработка со истакнатиот македонскиот уметник Ване Костуранов Таа поттикнува креативност кај дечињата, а истовремено придонесува во подигнување на свеста за основните потреби на секое дете
Додајте хуманитарна вредност на новогодишните пакетчиња за најмилите со купување на нашата прва боенка!

Едукативна сликовница од СОС Детско село „НАЈИСКРЕНАТА ПРЕГРАТКА“

Волшебната сликовница за развој на инклузијата, емпатијата, почитта и искрената детска љубов!
Сликовницата е одобрена од Бирото за образование како материјал што поттикнува инклузија.

ЕДУКАТИВНИ КАРТИЧКИ „АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ“

Волшебната сликовница за развој на инклузијата, емпатијата, почитта и искрената детска љубов!
Сликовницата е одобрена од Бирото за образование како материјал што поттикнува инклузија.

GIF честитки

Како да нарачате?

Јавете се на телефон

тел. 070 407-993
Испратете ја нарачката на e-mail:
novagodina@sos.org.mk

Достава:

Рок на достава: 3–5 работни дена по потврдена нарачка
Бесплатна достава: за нарачки со вредност над 15.000 денари низ целата држава

Можност за брендирање на честитките по ваша желба:

При креирање на нарачката, наведете дека сакате брендирање со лого и текст по ваша желба Минимална количина за брендирање: 50 честитки Бесплатна достава за над 200 брендирани честитки

Ви благодариме од  што сте дел од нашата приказна и што верувате во нашата мисија.